|
Знаеме дека
она што го јадеме
влијае на нашето
здравје и тело.
Тоа е уште поважно
кај децата, нивниот
незрел имунолошки
систем и системот
за варење на храната
ги прави поосетливи
на храната што
ја јадат. Тоа може
многу брзо да
доведе до последици
( пролив, повраќање,
запек, ...) или тие
се помалку видливи
и се појавуваат
после неколку
години (болести
на срцето).
Поради сите
овие причини,
а и затоа што преханбените
навики влијаат
и на младоста,
храната на Вашето
дете е многу важна
уште од самото
раѓање.
Од
раѓањето до првата
година од животот
најважна храна
на Вашето дете
е млекото. На возраст
од 18 месеци детето
се храни како
и останатите членови
на семејството.
Како да се помине
од мајчино или
детско млеко на
цврста, разновидна
храна?
Која
храна одговара
за Вашето дете?

Вашето
дете е на возраст
од 0 до 5 месеци
Млекото
е единствена храна
која новороденчето
ја пие од раѓање
до својата 4/6 месечна
возраст. Мајчиното
млеко е најдобро
за новороденчињата,
ги содржи сите
потребни хранливи
состојки за раст
и се пролагодува
како детето расте.
Меѓутоас, кога
новороденчето
не може да биде
доено постојат
млечни формули.
Посоветувајте
се со својот педијатар
или стручно лице.
Назад

Вашето
дете е на возраст
од 5 месеци до 1 година
Поминаа 5 месеци
од раѓањето на
Вашето дете, времето
брзо помина и
детето многу се
промени. Спие
помалку, се дига,
слуша и.т.н. Потребите
во исхраната се
менуваат, па треба
да се промени
и неговата исхрана
за да ги задоволи
новите барања.
Мајчиното
млеко сеуште е
најдобра храна
за вашето дете.
Но ако мајката
не може да дои,
млечните формули
можат да ги задоволат
сите потреби ако
се користат како
дел на разновидната
исхрана. Веќе
со 5 месеци детето
е спремно да открива
нови вкусови и
својства. Тоа
е голем чекор
на патот на исхраната,
а и психолошки..
Малку по малку
Вашето дете ќе
јаде како и возрасните.
Но ... бидете стрпливи.
Тоа ќе се случи
постепено.
Пред неколку
години е препорачано
уште во раните
периоди да се
дава разновидна
храна. Но, денес
многу од стручните
лица се сложуваат
дека тоа не би
требало да биде
пред 4 до 6 месечна
возраст. Пред
тоа мајчиното
млеко или детските
формули му даваат
на Вашето дете
доволно хранливи
состојки. Неговиот
неразвиен дигистивен
систем не може
да ја совлада
цврстата храна.
Рано давање на
разновидна храна
може да го зголеми
ризикот од појава
на алергии.
Неколку едноставни
правила со цел
да се избегнат
проблемите:
Секојпат
започнете со еден
вид на храна и
тоа во мали количини,
на детето му треба
време да го открие
и оцени новиот
вкус.
Ако
сметате дека Вашето
дете не сака некаква
храна, немојте
да го присилувате.
Обидете се да
му ја дадете покасно
во некој друк
оброк.
Немојте
да заборавите,
оброците преставуваат
посебен однос
помеѓу Вас и Вашето
дете, иако понекогаш
треба да бидете
трпеливи!
Што
треба да знаете
...
Назад
|